Почетна / Телевизија / Ѕвездите играат на песни изведувани од бенд во живо

Ѕвездите играат на песни изведувани од бенд во живо

 

Викендов за прв пат ѕвездите и танчарите во „Танц со ѕвездите“ играат на песни изведувани од бенд во живо. Продукцијата „Дрим фактори“ направи нов чекор во втората сезона на македонската верзија на најпопуларното светско шоу „Танц со ѕвездите“. Викендов во четвртата по ред елиминациона емисија ќе погледнеме гостување на единствениот Петар Ренџов со извонредниот Тумбао салса бенд.

 

 

Како што се намалува бројот на танцови двојки, така шоуто станува се поинтересно, но и повозбудливо бидејќи само еден пар на крајот ќе се круниса со титулата најдобра танцова двојка за сезоната. Минатата недела последниот танц со изиграа манекенот Стефан Лошковски и танчарката Симона Веселиновска, кои иако важеа за фаворити, го напуштија шоуто. Вечерва со почеток во 20:15 часот ќе дознаеме која танцова двојка е следната која ќе се збогува со шоуто кое важи за едно од најгледаните во Македонија.

{gallery}022014/tnac-zivo{/gallery}

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Репризи на народни приказни пополнуваат термини на Алфа

Вести, политички емисии и дебати. Во тоа се состои во главно програмата на телевизија Алфа. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!