Почетна / Забава / Цеца доживеа фијаско, за првпат во кариерата

Цеца доживеа фијаско, за првпат во кариерата

Според пишувањата на еден балкански магазин, Светлана Цеца Ражњатовиќ минатиот викенд на својот настап во Диселдорф доживеала фијаско кога на нејзиниот настап дошле околу 500 луѓе во дискотека што има капацитет за 1.500 посетители.

Нејзиниот менаџер вели дека никој не го очекувал ова и оти во историјата на кариерата на Цеца никогаш не се случило нејзин концерт да биде толку малку посетен.

 

 

Дали на луѓето конечно почна им функционира разумот, па престанаа да ја слушаат кралицата на турбофолкот? Одговорот ќе го добиеме летово кога Цеца ќе го одржи концертот во Скопје што веќе е најавен. Интересно е тоа што оваа пејачка во Македонија при секоја нејзина посета изнајмува се помали објекти за одржување на нејзините концерти. Прво се појави на Градскиот стадион, потоа во спортската сала Борис Трајковски, а сега најавува концерт во Метрополис Арена.

 

 

 

Martin M. | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Данскиот EDM DJ Martin Jensen на Ohrid Calling 2019 !

Со повеќе од 100 Милиони прегледи на Youtube и неговата специјалност да продуцира само хитови, …