Почетна / Забава / Хрватската полиција ја приведе Сораја Вуќелиќ!

Хрватската полиција ја приведе Сораја Вуќелиќ!

Најпознатата старлета на просторите на поранешна Југославија, Сара Вуќелиќ или позната како Сораја, неодамна е приведена во Загреб поради нарушување на јавниот ред и мир.

Според известувањето на српските медиуми, Сораја престојувала во Хрватска поради работни обрвски, поточно, била ангажирана да прошета во провокативни парчиња облека во состав на една ревија, а по самото случување со пријателките излегла да се забавува кадешто доживеала голема непријатност.

 

 

Девојките се забавувале до утринските часови, ги посетиле сите популарни клубови, а потоа кога се враќале дома онака весели се качиле на кровот од автомобилот. Кога полицијата го забележала сето ова, од девојките било побарано да застанат, а тогаш им станало јасно дека се нашле во голем проблем.

За да збрката стане уште поголема, Сораја и нејзините пријателки со себе не ги земале личните карти, па затоа биле приведени. Неколкуте часа после лудата забава ги поминале во ќелија.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ексклузивното музичко кабаре шоу „Нина“ на 15 февруари во Скопје

„Животот е ништо повеќе од шаховска партија. Таа секогаш се гледаше себеси како пион, сè …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!