Почетна / Забава / Фото | Каролина Гочева направи концерт на годината

Фото | Каролина Гочева направи концерт на годината

 

Сеуште сме под импресии од она што вчеравечер се случуваше во салата „Борис Трајковски“. Каролина Гочева направи концерт за кој долго време ќе се зборува!

 

 

Целата сала беше преуредена во седечка позиција, а Македонското девојче собра толку публика што не остана ниту едно празно место. Многуте изненадувања постојано ја држеа публиката на нозе, возбудена, распеана и со насмевки на лицата. Концертот започна со песните од првото Македонско девојче, па потоа следуваа оние веселите кои се дел од вториот албум. Каролина и порача на публиката дека слободно можат да станат и да се разиграат, без разлика на тоа што сите имаа свое столче. Пијачките беа достапни, па звуците на македонската музика ја кренаа целата сала на нозе. Пејачката дефинитивно изненади, бидејќи првите концерти од промоцијата на овој албум што се случија годинава беа многу посмирени во сосема поинаква атмосфера. Она што се случи вчера беше вистински предновогодишен концерт. „Две лири“, „Кој да ми запее“, „Бегај бегај“ и другите хитови беа испеани во еден глас со публиката. Нашето македонско девојче растури! Браво Каролина, ти не си нашата принцеза, ти си кралица!

 

{gallery}karolina-boris{/gallery}

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …