Почетна / Живот / Фото | Вака се разладува Освалдо Риос од легендарната „Касандра“

Фото | Вака се разладува Освалдо Риос од легендарната „Касандра“

 

Згоден, како и пред 18 години – Освалдо Риос

 

 

Првиот Латиноамериканец кој ги освои срцата и воздишките на Македонките, првиот црномурест протагонист кој го видовме на екраните далечната 1997 година, оној за кого навивавме да биде со нашата Касандра. По Касандра, го гледавме и во “Вдовицата на Бланко”, “Раузан”, “Прегрни ме цврсто”, “Зоро”, “Заклетва”, но за нас остана најзапаметен по улогата на злобниот Игнасио и добриот Луи Давид од “Касандра”. 

 

 

Познатиот порторикански глумец Освалдо Риос, денес живее во Мајами заедно со своето семејство и не се занимава со снимање на теленовели.

Тој сега се занимава со продуцирање на холивудски филмови, а пред некое време беше премиерата на “Dark places”, филм во кој глуми Шарлиз Терон, а за кој Риос се јавува како извршен продуцент.

За своите обожаватели, на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа како се разладува на плажите во Мајами.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поетот Марковски со свои читања на словенечката „Прешерново оро“

Македонскиот писател и поет Стефан Марковски деновиве имаше поетски настапи, предавање, читања и претставување на …

error: Содржината е заштитена!