Почетна / Живот / Фотографијата што го потресе светот!

Фотографијата што го потресе светот!

Масуд Хусеини од агенцијата “АФП” е добитник на Пулицеровата награда за најдобра фотографија во категоријата ударни вести. Неговото дело прикажува расплакани и исплашени дечиња по бомбашкиот напад во Кабул, оваа фотографија го потресе светот.

 

 

Добитници на значајната Пулицерова награда оваа година се и американската новинска агенција “Асошијетед прес”, весникот “Филаделфија инкуајрер”, локалниот весник “Пејтриот њуз”, новинарот Џефри Џетлемен од “Њујорк тајмс”, Мери Шимич од “Чикаго трибјун” како и Мет Воеркер од списанието “Политико”.

Инаку, Пулицеровата награда се доделува во чест на значајното американско име во новинарскиот свет Џозеф Пулицер, кој е зачетник на жолтиот печат, односно на масовниот булеварски печат во светот. Од 1917-та година е воведена токму оваа награда за новинарството, културата и литературата.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови книги од Стојановски и Чапаровска во издание на „Современост“

Во издание на литературното списание „Современост“ од Скопје излегоа книги од нови македонски автори, романот …