Почетна / Спорт / Сценарија што ќе не одведат во осминафиналето

Сценарија што ќе не одведат во осминафиналето

 

Црна Гора и Летонија денеска во 14:30 часот ќе го отворат второто коло од групата Б на Евробаскетот во Словенија. Откако вчера загубивме од Црна Гора, овој меч ќе биде од особена важност за македонските кошаркари и јавноста, чии симпатии ќе бидат насочени кон летонската репрезентација, бидејќи евентуална победа на Црна Гора ќе ги однесе многу блиску до пласман во следната фаза.

Македонија има шанси и само со две победи да се пласира на третото место во групата и тоа да ја одведе во осминафиналето.

 

 

Според првото сценарио, Македонија дури и да загуби и од Србија и од Литванија, а успее да победи против БиХ и Латвија, можеме да се надеваме на третото место, но потребно e Латвија да ja победи Црна Гора (со мала разлика), Црна Гора може и да победи против БиХ, а потребно е да изгуби од Србија и Литванија. Во ваква ситуација, Македонија ќе треба да слави над БиХ и над Летонија со поголема разлика од таа со која Летонија би ја победила Црна Гора, а Летонците да изгубат од Србија и Литванија. Во таков случај, би се направила мини табела од три селекции, во која ние би биле најдобри доколку ја победиме Летонија со поголема разлика од тоа што тие би ја победиле Црна Гора.

Второто сценарио е поедноставно. Во овој случај, Црна Гора треба би ги изгуби сите натпревари до крај, Летонија да ја победи Црна Гора и да изгуби од Србија, Литванија и Македонија, додека ние треба да ги победиме само БиХ и Летонија (неважно со колку разлика). БиХ во ваков случај би имала само една победа (против Црна Гора) исто колку и Црна Гора, а ние би биле пред Летонија поради подобриот меѓусебен дуел.

прес24

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Федерер VS Ѓоковиќ – денеска во 15 часот, финале на „Вимблдон“

Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер по 48-ми пат во меѓусебен дуел, денеска од 15 часот …