Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Срвајвр – пресек на 1-иот ден

Срвајвр – пресек на 1-иот ден

 

 

Корковадо, Костарика – национален парк на недопрената природа. Дождливи шуми, непријатни соседи, опасни ѕверови и морбидни звуци. 37 влажни дена, неспиени, гладни и жедни ноќи. 18-те мислат дека можат да издржат, но нивното тело и нивниот ум ќе докажат кој всушност може. Најтешката битка започна. Оној што ќе преживее никогаш повеќе нема да биде истиот.

 

Пресек на 1-иот ден

 

Алекс, Александра, Ава, Јелена, Кристина, Маја Лена, Марко, Мартина, Миа, Милан, Невен, Никола, Огњен, Радован, Себастијан, Станија, Влада и Жаре. 18-те познати личности, новите натпреварувачи во “Срвајвр” влегоа во чамецот и се упатија кон нивното следно преживеалиште. Веслајќи кон местото и уживајќи во сончевите зраци тие изгледаа како група весели ученици кои тргнале на екскурзија. Веселата Станија веднаш најде удобно легло во прегратките на Огњен.

Конечно, пред нив се покажува нов видик. Мал сплав кој едвај може да ги собере сите 18 натпреварувачи. Но, првиот предизвик го совладуваат успешно така што наоѓаат начин како сите да седнат на него. Следува првото изненадување коешто ги чека на таблата. На прв поглед задачата изгледа лесна: кој ќе стигне побрзо до брегот, ја отстранува можноста да остане без марама. Со невиден ентузијазам скокаат во непознатото море и борејќи се со брановите пливаат кон брегот. Ситуацијата би била крајно изненадна доколку веднаш не настапеше драмата. Хрватската актерка Миа Беговиќ паѓа во замката на својот дуксер и длабоката вода. За среќа, во близина се најде вистинскиот џентлмен кој со помош на Алекс и помогна неа да исплива до брегот. Стилистот Невен беше среќен, вели дека поважно му било да спаси човечки живот отколку да добие црвена марама. Драмата што ја предизвика Миа заврши со лекарска интервенција и нејзино извинување. Добро е што се добро се заврши, помисли и нејзината ќерка Маја Лена, која изјави дека ја видела својата мајка како се бори со брановите, но оти била предалеку за да стори нешто. Сепак, Невен и Алекс својата хуманост ја платија со тоа што задоцнија со испливувањето на брегот, на крај само еден од нив доби црвена марама.

Откако се исушија и за себе ги заврзаа марамите, веднаш тргнаа во потрага. Дојдоа до мал извор на слатка вода, ковчег со основните потреби, мачети, кремен и коноп, а ги чекаше и склопен кревет од бамбус на кој не можеа да легнат сите. Тука изби првата искра. Имено, машкиот дел од екипата не мрдна ни со прст за да запали оган, а женските почнаа да работат без никаков ред за на крај да не сработат ништо.

Иако изгледа дека Јелена би се дружела со секој што не знае да работи, а Миа и Жаре се жалат дека никој не им се обраќа за помош, првиот конфликт сепак не го видовме во првиот ден. Искри секако имаше, но оганот не се разгори, слабите искри не се претворија во огнени јазици. Паѓа првата ноќ…

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …