Почетна / МК Сцена / Солзи за Тоше Проески и во Лондон

Солзи за Тоше Проески и во Лондон

 

Годишнината од смртта на Тоше беше одбележана и во Лондон. Во чест на трагично починатата македонска ѕвезда се одржа хуманитарен концерт, пишува Денешен.

 

 

На концертот во црквата Емануел настапија Тања Царовска, која живее и работи во Велика Британија, гудачкиот квартет Фортуна од Лондон, како и неколкумина млади пејачи и музичари по потекло од Македонија и Балканот, но и од другите етнички заедници во британскиот главен град. Царовска, која идниот месец ќе има концерт во угледниот лондонски центар „Барбикан“, потсети на своето познанство од училишните денови со Тоше, а потоа исполни неколку македонски народни песни во нејзина обработка.

На концертот беа исполнети и неколку песни од репертоарот на Проески со кои тој стана познат и популарен не само во Македонија, туку и пошироко. Пред почетокот, отец Виктор Стојчев од македонската православна црква „Свети Архангел Михаил и сите Светци“ во Лондон, одржа црковна литургија посветена на пет годишнината од смрта на младиот Тоше. Организатор на спомен концертот беше Роза Харст која соопшти дека собраните пари од синоќепната приредба ќе се испратат во Фондацијата на Проески во Македонија. Парите од минатогодишното хуманитарно собирање во рамки на македонската црковна општина во Лондон, се употребени за купување огрев за сиромашни семејства во Македонија. Харст, Македонка која подолго време живее и работи во Велика Британија, најави иста ваква акција и следната година.

 

 

 

| Денешен

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мартија на жешко столче – зборува за односот со Антониа Гиговска

Во новата епизода од подкастот Жешко Столче, гостинка е Мартија Станојковиќ. Зборува за односот со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!