Почетна / Телевизија / Скандал во „Големиот брат“ – Рада и Стефани во жестока расправија

Скандал во „Големиот брат“ – Рада и Стефани во жестока расправија

 

Скандал во единственото лиценцирано реално шоу во Македонија

 

Вчеравечер на Исфрлувањето во живо од “Големиот брат” се случија неколку изненадувања кои никој не ги очекуваше. Најпрвин, Големиот брат реши овие номинации да бидат јавни, односно секој од станарите да номинира двајца станари, да образложи зошто ги номинира и да ги запали нивните слики како знак на номинација за исфрлување.

Најголем дел од станарите ги номинираа Зорица, Горан и Мирјана, кои како да се претплатени за номинации. Но Големиот брат ги изненади сите со тоа што откри дека оние кои имаат најголем број на негативни поени се всушност спасени, а сите останати се номинирани.

 

 

Она што го привлече вниманието на гледачите е гласањето на контроврзната Стефани, која реши да ги номинира Раде и Рада, кои досега и беа како мајка и татко во куќата. Таа образложи дека тие двајца се превртливи и го пикаат носот во секоја манџа, на што Рада одговори дека следниот пат ќе и го пикне носот во половиот орган.

Од видеото, проследете како потоа течеше караницата меѓу Рада и Стефани:

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | За дивоградбите и новите жртви на Розмари во „Код“ на Телма

При куќа без куќа – Афродита Серафимовска само од далеку може да го види родниот …