Почетна / Спорт / Семејната трагедија доби продолжение!

Семејната трагедија доби продолжение!

Страшната трагедија што се случи во сабота, смртта на италијанскиот фудбалер Пиермарио Моросини, е само продолжение на низата трагедии што се случувале во семејството на фудбалерот. Во неговото семејство жива остана само сестра му, која е физички хендикепирана.

 

 

Пиермарио Моросини падна во 31-та минута од натпреварот и почина на истото место. Причина за смртта е срцевиот удар што го добил. Со оваа трагедија само се продолжи крајно несреќната приказна за неговото семејство, затоа што претходно починаа неговиот татко и мајка, како и братот, кој сторил самоубиство. Откако почина и самиот 25-годишен фудбалер, единствениот жив член од неговото семејство е сестра му која има физички хендикеп.

“Секако дека знаеме за ситуацијата на неговата сестра. Целиот клуб, членови на управата и играчите мораат да ја преземат таа одговорност во своите раце. Мораме да се грижиме за неа затоа што помошта и е неопходна”, изјави најдобриот фудбалер на “Udinese” Антонио Ди Натале, инаку добар пријател на Моросини.

“Пиермарио беше полн со живот. Моментите на кои бев сведок беа ужасни. Поради него и неговата сестра на памет ми е само тоа како да помогнам. Се чувствувам скршено оти сите изгубивме прекрасен човек”, додаде Ди Натале.

 

“Vicenza” во чест на Моросини го замрзнува дресот со број 25

Италијанската јавност е потполно скршена од видените сцени на фудбалскиот натпревар каде што се случи трагедијата. Пред милиони луѓе, на тревникот, Пиермарио Моросини се збогуваше со својот живот. Ваквиот немил настан е поттик за фудбалскиот клуб “Vicenza” да го замрзне дресот кој го носел Моросини додека бил во тој клуб. Се работи за дресот со број 25, Моросини во текот на неговата кариера, од 2007-та до 2009-та, како и еден дел од 2011-та година, бил дел од “Vicenza”.

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Федерер VS Ѓоковиќ – денеска во 15 часот, финале на „Вимблдон“

Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер по 48-ми пат во меѓусебен дуел, денеска од 15 часот …