Почетна / Серии / Теленовели / Расплетот на потресната драма за малата Мелек е вечерва на Сител

Расплетот на потресната драма за малата Мелек е вечерва на Сител

Вечерва, веднаш по “Животот е убав” завршува Мелек

 

Вечерва, гледачите на Сител ќе имаат можност да го проследат расплетот на турската потресна драма “Се викав Мелек” во истиот ден откако ќе биоде одиграно историското финале во дубал на Хрватска против Франција.

Крај за страдањата за малата Мелек. Крај на несреќната судбина на девојчето кое ве освои изминативе месеци. Крај на болната реалност на едно уништено детство. Кога ќе ја снема надежта, лошите одлуки станаa единствено решение, а кога доби шанса, бегството за девојчето стана единствен начин за спас.

Ќе има ли конечно спас за ова девојче од шлаканиците и ќотекот што ги трпеше секојдневно во својот дом? Може ли тоа дете од денес да се враќа мирно од училиште и да знае дека нема повторно да биде тепана? Ќе може ли тоа дете да има безгрижно детство како секое друго? Крикот на девојчето навести разврска каква што секој очекува да има, а плачот допре до сите оние кои сочувствуваа со трагичниот нејзин живот.

Вечерва во 21 часот, проследете го крајот на “Се викав Мелек” и дознајте како ќе завршат Шуле и Џингиз, а каков живот ја очекува Мелек со нејзината мајка Зејнеп и бабата Ѓонул.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ти си само моја“ од сега за викенд прајмтајм на Сител

На Сител телевизија стартуваше нова телевизиска серија. “Ти си само моја” е турска љубовна драма …

Leave a Reply