Почетна / Забава / Евровизија / Прогласен за најсекси маж во Ирска, сега ќе пее на Евровизија

Прогласен за најсекси маж во Ирска, сега ќе пее на Евровизија

 

Nicky Byrne – Sunlight (Ирска)

 

Со вкупно седум победи досега на Евровизија и три победи едно по друго (1992, 1993 и 1994) а воедно и победа на ист изведувач три пати (Џони Логан, победи во 1980 како пејач, 1987 како пејач-текстописец и во 1992 само како текстописец). Ирска ги држи овие три рекорди на Евровизија и може да се смета за една од најуспешните нации на Евровизија.

 

 

Но, од 2000 година па наваму имаат многу слаби резултати, и само една висока позиција, осмото место во 2011 година со нумерата Lipstick. Годинава Ирска реши да го одбере својот претставник преку интерна селекција. Ова беше петти по ред интерен избор за Ирска, кои што се имаат решено за овој потег во 1974, 1975, 2006 и 2007 година. На 7 јануари годинава беше одлучено нивната ѕвезда Nick Byrne, поранешен член на групата Westlife да биде нивниот претставник во Стокхолм.

 

Nicholas Bernard James Adam Byrne, Jr. е познат ирски изведувач, радио и ТВ водител, и поранешен фудбалер во втора лига. Тој беше дел од поранешниот Ирски бој бенд Westlife каде што беше најстариот член. Во 2012 година, бендот реши да се повлече од музичката сцена. Исто така беше дел од ирското шоу Stricly Come Dancing како и прогласен за најсекси маж во Ирска во 2014 година. Зад себе има многу албуми како дел од Westlife, но се уште нема самостоен деби албум откако бендот се распадна.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …