Почетна / Серии / „Преспав“ се пресели – на МТВ репризи од прва сезона

„Преспав“ се пресели – на МТВ репризи од прва сезона

Во пресрет на третата сезона од „Преспав“ и на барање на публиката, МТВ 1 емитува репризни изданија на 40-те епизоди од првата сезона од популарниот ситком. Серијата се емитува секој работен ден, од понеделник до петок во 21:15 часот, и наредниот ден во 16 часот.

„Преспав“ е прв македонски ситком проект, кој изминативе две сезони постигна голем успех и популарност кај публиката. Освен на телевизиските екрани, посетеноста на YouTube каналот на серијата достигна над 4 милиони прегледи. Метафорично пансионот „Преспав“ го отсликува македонското општество во кое граѓаните се сведоци на слични ситуации во изминатите транзициски времиња па се до патот и желбата за членството во Европската Унија. Во ликовите се прекршува балканскиот менталитет, од кој и ние граѓаните не можеме да избегаме, со желбата да станеме подобро „европско“ општество во кое сакаме да воспоставиме нови стандарди и принципи. 

Во првата сезона учествуваше актерска екипа која ја сочинуваа: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Владо Јовановски, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски и Адриан Азири.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет интересни работи кои не сте ги знаеле за Агата Кристи

Pickbox моментално прикажува нова адаптација на романот на Агата Кристи: Убиства по азбучен редослед (The …