Почетна / Серии / Препорака: El Internado

Препорака: El Internado

Проект што мора да се види… серија што треба да се доживее… приказна од која ќе ве полазат морници…


 

Ретко препорачуваме серии, бидејќи свесни сме дека секој има различен вкус и оти не можеме својот да го наметнеме некому. Но ова е исклучок со оглед на тоа дека се работи за исклучително квалитетен проект кој предизвика отворање на различни дебати, големи дилеми за минатото и стампедо од позитивни критики насекаде околу светот. Приказната во понатамошните епизоди е тесно поврзана со германските нацисти, но тоа треба да се види за да се доживее!

 


‘Интернат’ е шпанска телевизиска драма/трилер серија со елементи на мистерија, која се фокусира на еден интернат сместен длабоко во шумата, во кој се случуваат страшни, мрачни настани. Серијата започна да се прикажува на 24-ти мај 2007-та година на каналот Антена 3, а заврши на 13-ти октомври 2010-та година. Постигна огромен успех во Шпанија, како и надвор од неа. Кај нас можете да ја гледате на AXN.

Број на сезони: 7
Број на епизоди: 71

 

 

 

Содржина:

Започнува новата учебна година во интернатот La Laguna Negra (Црна лагуна), престижен едукативен центар сместен во центарот на една шума, во кој учат децата на највлијателните лица во државата. Таа година во интернатот доаѓаат двајца нови ученици, Маркос Новоа Пасос и неговата помала сестра Паула, кои треба да започнат нов живот по исчезнувањето на нивните родители. Исто така, доаѓа новата чистачка Марија, која избегала од психијатарска болница и дошла во интернатот да го најде својот син. Од друга страна, неколку ученици, по исчезнувањето на еден од професорите, откриваат разни тајни и мистерии кои се кријат во интернатот, без да бидат свесни за опасноста која ги демне поради една организација која бара скриени богатства во интернатот и друга организација која наводно тргува со детски органи.

 

 

Улоги: Марта Торне, Мартин Ривас, Раул Фернандез, Јон Гонзалез, Карлота Гарсиа, Наталиа Милан, Ана де Армас, Елена Фуриасе, Бланка Суарез…

 

 

 

 

 Rebellious angel | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tелма со нови сезони од акционата серија „Аларм за кобра 11“

Oд петок (8 ноември), започнуваат новите епизоди од германската акциона серија “Аларм за Кобра” на …