Почетна / Сапуници / Потресната драма „Мајка“ започнува вечерва

Потресната драма „Мајка“ започнува вечерва

 

МАЈКА
вечерва прва епизода

 

Вечерва на Сител телевизија веднаш по новата епизода од „Бурни времиња“ премиерно ќе се емитува првата епизода од потресната приказна „Мајка“. Се работи за исклучително тажна драма што никого нема да остави рамнодушен. „Мајка“ е уникатна приказна којашто вечерва ќе ги освои срцата на гледачите. Меѓу другите познати турски ликови, тука се Фериде од „Зет домазет“ и Берин од „Бурни времиња“. Едната ќе ја толкува мајката, а другата нејзината ќерка.

 

 

Што се случува кога сте приморани животот на сопствената ќерка да го замените за живот на четири за вас непознати млади луѓе? Гузиде, сопственичка на мал хотел во Истанбул, oстанува без својата ќерка единица Бахар, откако е убиена од непознат човек на влезот во хотелот. Мајката Гузиде нема време да ја разреши мистеријата за смртта на својата ќерка, па затоа брзо мора да донесе пресудна одлука. Одлучува органите на својата ќерка да ги дарува на четири млади луѓе на кои животот им виси на конец. По трансплатацијата, таа на необичен начин се приврзува кон нив четворица и преку нив продолжува да го слуша чукањето на срцето на својата ќерка која никогаш не може да ја преболи.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гледачите на „Женски рај“ зачудени – ТВ 24 и по втор пат ја укина серијата

ТВ 24 од денес нема да ја емитува италијанската сапунска драма “Женски рај” во 21 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!