Почетна / Серии / Полноќна Телма реприза и на британската крими серија „Обвинети“

Полноќна Телма реприза и на британската крими серија „Обвинети“

Секој ден на полноќ – реприза на крими серија

 

Од идната недела, Телма телевизија во летните репризи ја вклучува и репризата на британската антологиска серија “Обвинети”, снимена од 2010 до 2012 година од страна на BBC во две сезони.

Во серијата, секоја епизода носи нова и различна приказна која говори за луѓето кои завршуваат во судница. Но, дали на тие мажи и жени им е таму местото? Дали се невини, виновни или нивниот грев е некаде помеѓу вината и невиноста? Како што се развива секоја епизода, ќе гледаме што ги донело обвинетите на истражителната клупа и дали на крајот ќе завршат на слобода или зад решетки.

Ова е современа драма за злосторството и казната, како што кажува режисерот Џими МекГоверн. Гледачите ќе го видат злосторството и ќе ја дочекаат казната за обвинетиот. Нема да се прикажат никакви полициски истраги, нема да се видат никакви полицајци или шерифи кои трчаат од станица до местото на злосторот и назад. Гледачите ќе го видат само злосторството и само казната, двете најважни секвенци во една криминалистичка драма.

Меѓу обвинетите ќе се најдат големи британски актерски имиња како Christopher Eccleston, Benjamin Smith, Juliet Stevenson, Andy Serkis, Marc Warren, Naomie Harris, Sean Bean и Anne-Marie Duff. Во 2011 година, “Accused” добива ЕМИ за најдобра интернационална драма и најдобар актер, како и БАФТА за најдобар актер и најдобра споредна актерка.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжението на „Life on Mars“ за викенд крими акција на Нова С

Секоја сабота и недела на кабловската Нова С го следите продолжението на познатата британска серија …