Почетна / Живот / Организирано убивање кучиња во Штип

Организирано убивање кучиња во Штип

 

Граѓаните на Штип во текот на целиот ден се обидуваат да ги известат медиумите за масовното убивање бездомни кучиња што се случува во нивниот град. На фотографијата која кружи низ медиумите се гледаат мртви кучиња фрлени во еден куп, за кои се тврди дека се убиени од страна на ветеринарната станица ДОО Штип и ветеринарот Крсте Митев, кој е најмен од градот да врши стерилизација и вакцинација на бездомните кучиња.

Активистите на здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ тврдат дека имаат информации оти станува збор за договор за вакво масовно чистење на градот. Сето тоа било спроведувано од ветеринарниот тим – за што постојат изјави од очевидци, велат од здружението.

 

 

„Најостро го осудуваме овој чин и бараме итна истрага од Агенција за храна и ветеринарство, како и казна за ветеринарот и одземање на дозволата на истиот, доколку се докаже вистина она што го добиваме како информација во континуитет. Информираме дека, доколку итно не се запре ваквата практика во Република Македонија – а гледаме масовни и организирани убивања на бездомни кучиња дословно на секој чекор (во стационар Вардариште, стационарот во Куманово, на улиците во Гевгелија и Штип), ние, „Анима Мунди“ како Национален претставник за Македонија во ОИПА Интернешнал, една од најсилните светски организации за заштита на животните, која е и претставник во одделението за јавно информирање  во Обединетите Нации, ќе сториме се што е во наша можност да ги дознае светот овие срамни и дивјачки дела, сите сторители и оние кои континуирано за овие дела премолчуваат – иако се надлежни да ги спречат или санкционираат“, стои во изјавата што денеска пристигна до адресата на нашиот интернет портал.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ана Котевска со златна медала на Олимпијадата по германски јазик

Aна Котевска, ученичка во специјалната германска паралелка при гимназијата ,,Јосип Броз Тито” од Скопје е …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!