Почетна / Живот / „Од тебе зависи” – што се случи во неколку средни училишта денес?!

„Од тебе зависи” – што се случи во неколку средни училишта денес?!

 

Во неколку средни училишта во Републиката, ова утро се пријавени QR кодови, проследени со пораката „Од тебе зависи”. Овие кодови, поставени по училишните табли и ходници, прво беа забележани во ДСЛУД „Лазар Личеноски” во Скопје, за подоцна и студентите од Гимназијата „Кочо Рацин” во Скопје, како и средните училишта „Ѓорѓи Наумов” и „Јосип Броз-Тито” од Битола, да пријават „присуство” на истите низ нивните ходници и училници.

 

 

„Не знаеме за што се работи. Кога ги скенираме кодовите, ни се отвара веб страна насловена како „Од тебе зависи”, на која има само одбројувач. Не знаеме ниту кој ги поставил, ниту која е целта. Но во секој случај, е поврзано со нешто што зависи од нас”, низ смеа коментираа учениците од Средното уметничко училиште Лазар Личеноски во Скопје.

Кодот оставен на таблите води до веб страната www.odtebezavisi.mk, што дава дополнителна мистериозност на настанот. Во разговор со учениците, истите велат дека ова е навистина невообичаен настан, но сите се заинтересирани за неговата позадина.

 

{gallery}kodovi{/gallery} 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Зоолошка се гради живеалиштето за фламинга и пингвини

 о ЈУ „Зоолошка градина Скопје“ започна изградбата на живеалиштето за фламинга и пингвини. Ова живеалиште …