Почетна / Телевизија / Нова утринска програма на Телма со млади и енергични ТВ лица

Нова утринска програма на Телма со млади и енергични ТВ лица

 

“Утринска на Телма” – од утро до пладне

 

Од понеделник, 2 мај, на Телма започнува ново утринско шоу. “Утринска на Телма” е нова емисија која ќе се емитува секој работен ден, од понеделник до петок од 8 до 12 часот. Емисијата ќе ја водат млади и свежи лица за Телма телевизија, како што се Цеце Трајковска, Марко Марк, Елена Вишка и Гоце Андреевски.

 

 

Тимот на новата утринска ветува дека секојдневно ќе се трудат да го обојат Вашиот ден во веселите бои на виножитото и на секој од Вас да му предизвикаат насмевка на лицето.

 


 

Искрено и од срце среќни за нашиот нов старт во нашиот живот и приватно, но и професионално. Со нетрпение очекуваме да се видиме во понеделник со Вас. Ќе се потпреме на вистинскиот фундамент односно тезата дека “Секој ден треба да кажуваме нешто убаво”… И заедно ќе потврдиме дека смеењето е нашиот универзален јазик. Бидете со нас…  Убаватa и среќна енергија ја носиме на самиот почеток на денот…утрото. Искрено Ваши Гоце, Цеце, Елена и Марко.”

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тимот на ТВ Пакет со честитка за новоизбраниот директор на МРТ

Со одлука на Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија, по 14 години, нов директор застанува на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!