Почетна / Забава / Нова продукциска куќа?

Нова продукциска куќа?

Џенифер Анистон и нејзиниот партнер Џастин Теру размислуваат за заеднички деловен проект. Се зборува дека ќе основаат продукциска куќа.

 

 

Додека Џенифер Анистон и Бред Пит беа во брак, тие ја основаа продукциската куќа “План Б”. По разводот во 2005-та година, Анистон доби право на се што тие заедно поседуваа, но не и на продукциската куќа “План Б”. Неколку години по разводот, Џенифер основаше нова продукциска куќа овој пат наречена “Еко Филмс” но со неа не стори ништо значајно освен што беше именувана како продуцент на своите филмови: “Management”, “The Switch” и “Five”.

 

 

Најновите гласини велат дека таа има намера да основа уште една продукциска куќа и тоа заедно со своето момче Џастин Теру. Актерката очигледно не сака да има само дете со него, туку и да се здружат во бизнисот.

“Тоа што таа се одрече од “План Б” е нешто за кое жали. Но, смета дека со Џастин може да добие и подобра можност. Тој има особено добри напишани сценарија на кои Џен е голема обожавателка”, изјави неименуваниот извор.

На крајот споменатиот извор додаде дека таа планира да посвои дете доколку не успее да забремени до крајот на наредната година.

 

 

 

Ivana T. | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …