Почетна / Сапуници / Неџла ќе биде новата ТВ партнерка на Бред Пит

Неџла ќе биде новата ТВ партнерка на Бред Пит

Откако Бред Пит потврди дека ја прифатил понудата да глуми во неколку епизоди од хит серијата „Величествениот“, сега актерката Фахрије Евџен ни открива дека токму таа ќе биде партнерка на холивудската ѕвезда во историската серија.

 

Неџла од „Кога лисјата паѓаат“ ја доби улогата на девојката што ќе го маѓепса балканскиот војсководец одигран од Бред Пит.

 

Извор близок до продукцијата изјави дека новите ликови ќе ги засенат владетелите. „Љубовта на војсководецот и неговата сакана ќе биде толку голема што дури ќе ги засени Сулејман и Хурем“, открива изворот.

Зедничките сцени меѓу холивудската ѕвезда и убавата турска актерка ќе изобилуваат со сочни бакнежи, прегратки и интимни сцени. Оваа информација уште повеќе ја потхрани љубомората на Анџелина Џоли. Инаку, како што веќе знаете, гостувањето во една епизода од серијата, Пит ќе го наплати 2 милиони долари. Сеуште не се знае точно во колку епизоди ќе глуми.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува епохалната хит драма „Далеку од дома“ на Сител

Oд понеделник (7 октомври), на Сител телевизија продолжува со емитување историската воена драма “Далеку од …