Почетна / Серии / „Fringe“ и „The Mentalist“ од септември на МТВ

„Fringe“ и „The Mentalist“ од септември на МТВ

Урбаните телевизиски гледачи во Македонија веќе знаат како ќе го исполнат слободното време оваа есен – во дружба со МТВ!

Каков пресврт, зар не? Од телевизија која постојано беше плукана од страна на најмладите поради понудата од здодевни и неатрактивни телевизиски содржини, Македонската радио телевизија од септември ќе еволуира во една слатка комбинација од Фокс Лајф и Фокс Крајм.

Националниот сервис не престанува да изненадува со насловите од атрактивните телевизиски шоуа. Постојано се најавуваат нови серии за кои веќе одамна изгубивме надеж поради појавата на турскиот бран.

CSI Miami, CSI New York, CSI Las Vegas, Gossip Girl и Supernatural. Есента сеуште не пристигнала, а понудата веќе е збогатена со уште две американски серии – Fringe и The Mentalist. Да, убаво прочитавте, сето ова ќе биде дел од МТВ во септември.

Се шпекулира дека место во новата програмска шема на МТВ ќе си обезбедат и уште две одлични серии. Едната од нив наводно е The Vampire Diaries, а другата… да почекаме да се оствари па ќе зборуваме за тоа.

 

Fringe

 

The Mentalist

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди