Почетна / Сапуници / Непознати факти: Дона Барбара

Непознати факти: Дона Барбара

Она што не го знаеш за теленовелата „Dona Barbara“

 

 

Шеста екранизација на истоимениот роман на Ромулос Гаљегос. Претходно се снимени три теленовели, една опера и еден филм. Филмот со Марија Феликс важи за најуспешна екранизација на романот. Тематиката се фокусира на несогласувањата во руралните подрачја на Латинска Америка против модерната цивилизација, која со себе носи нови правила и закони.

 

Теленовелата важеше за најисчекуван проект во 2008. година, а досега Доња Барбара е продадена во над 40 земји ширум светот. Снимена е во студија во Богота, и на локации во колумбиското село Хонда, богато со преубава недопрена природа. Дел од сцените се снимени на локации каде што се снимени и теленовелите La Tormenta и Zorro.

Првобитно главната женска улога и беше ветена на Габи Спаниќ, актерката дури и го сними пилотот со партнерот Кристијан Мејер, но скоро пред самата реализација, Габи го напушти Телемундо. Кога местото на Спаниќ требаше да го заземе помладата Габи Еспино, Кристијан Мејер посакал да го напушти проектот со причина дека не сака да ги репризира своите партнерки. Кристијан и Габи веќе глумеа љубовен пар во теленовелата Luna, La Heredera и филмот La Mujer de mi Hermano.

 

Првата снимена сцена меѓу Кристијан и Едит била љубовна. Дошле на сетот, се запознале и веќе во следната сцена лежеле голи во кревет и се љубеле пред камера. За време на снимањето, Едит имала мала незгода возејки трактор, кога удрила во дрво. За среќа немала посериозни последици. Озборувањата велат дека иако Едит имаше главна улога во теленовелата, сепак и пречело што Генезис Родригез имала преголем простор во сцените и што на крајот Генезис била таа која останала со ликот на Кристијан Мејер. За време на снимањето на последната епизода, изреволтираната Едит му замавнала шлаканица на Кристијан, при што актерот го напуштил сетот, заканувајки се дека никогаш повеќе не сака да ја види дотичната акетрка, која важи како тешка за соработка.

 

Генезис и Кристијан започнале љубовна врска за време на снимањето, која траела и по завршувањето на теленовелата. Ликовите на Антонио и Сесилија, одиграни од Арап Бетке и Кати Барбери, се измислени, бидејки тие ликови не постојат во книгата. Но хемијата помеѓу актерите била толку голема што имало шушкање дека се заедно. Главниот јунак Сантос Лузардо (Кристијан Мејер) во поедини моменти се однесувал како негативец и егоцентрик, што предизвикало одбивност кај публиката.

Во првата епизода во улогата на Аструбал се појавува сега популарниот актер и пејач Јеан Карлос Канела, а во улогата на мајка на Сантос, актерката Марица Родригез.
Насловната нумера Dame Tu Amor ја пее Estela Diaz.

 

Трејлер со Габриела Спаниќ

 

 

LucasScott | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!