Почетна / Сапуници / Непзнати факти: „Богати и сиромашни“

Непзнати факти: „Богати и сиромашни“

Она што не го знаеш за теленовелата „Ninos Ricos Pobres Padres“

 

Теленовелата е снимена во сезоната 2009/10 и се темели на популарната американска серија „Beverly Hills 90210“. Насловната нумера Una noche mas ја отпеа Луис Кампос.

Телемундо направи чекор напред со оваа теленовела, со тоа што ги истакнува хомосексуалните проблеми во драмата. За прв пат во една теленовела се говори за три лезбијки, едната од нив на почетокот е вљубена во момче кој е геј, па поради тоа и самата станува лезбијка.

 

 

Само првата епизода е снимена во Мајами, останатите се снимени во Богота, Колумбија. Ајлин Мухика глуми жена зависна од пластични хирургии, исто како и во приватниот живот. Главните протагонисти Кармен Виљалобос и Хуан Себастијан Каиседо имаа кратка љубовна врска по завршувањето на снимањето. Тоа им била трета заедничка појава во теленовела, претходно и двајцата се појавија во „Nadie es eterno en este mundo“ и „Sin senos no hay paraiso“. Ајлин Мухика во теленовелата „Marina“ глумеше близначки Вероника и Лусија. Овде нејзиниот лик повторно се вика Вероника и има сестра Лусија.

Фабиола Кампоманес, во теленовелата „Ninos Ricos Pobres Padres“ глуми мајка за прв пат во својата кариера. Фабиола порано ја напшти теленовелата поради депресијата во која западнала, наводно поради оддалеченоста од нејзината фамилија во Мексико. Во текот на теленовелата се рекламирани повеќе брендови како: Subway, Ponds и Verizon. Ајлин Мухика и Габриел Валензуела започнале љубовна врска за време на снимањето. Наводно, Габриел тогаш бил во врска со актерката Кати Барбери. Денес Ајлин и Габриел се во брак и ја имаат ќерката Виолета.

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!