Почетна / Телевизија / Твоето лице звучи познато / Неда Украден бесна: „Не се појавувам во финалето на ТЛЗП“

Неда Украден бесна: „Не се појавувам во финалето на ТЛЗП“

 

Откако ја избламираа во полуфиналната емисија на шоуто „Твоето лице звучи познато“, Неда Украден нема да се појави во финалната емисија од ова шоу.

 

 

Откако заврши гласањето на публиката и жирито, водителите ја повикаа Неда како финалист за само неколку секунди подоцна да ја заменат со Ненад Окановиќ затоа што имаше повеќе гласови од публиката. Водителите се извинија, Неда збунето му честиташе на Ненад, а потоа си замина од сцената и не присуствуваше на изведувањето на победничката нумера на Катарина Богичевиќ. Прилично бесна пејачката изјавила „Нема да дојдам на финалето!“.

Потсетуваме дека во финалето ќе настапат Бане Мојичевиќ, Елена Ристеска, Јелена Гавриловиќ, Катарина Богичевиќ и Ненад Окановиќ.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој што ќе имитира во финалето на „Твоето лице звучи познато“?

  Вечерва на Сител е финалето на ТЛЗП   Вечерва во 21 часот на Сител …