Почетна / Телевизија / МРТ блесна со своето ултра модерно студио

МРТ блесна со своето ултра модерно студио

МРТ блесна со своето ултра модерно студио

 

 

Како што беше најавено, вечерва (недела) точно во 19.30 часот во етерот на МРТ 1 се појавија легендарните Бранка Станковска и Благоја Крстевски. Новиот Дневник започна со најстарата шпица на Дневникот на Македонската телевизија. По појавувањето на ексклузивните гости гледачите можеа да се потсетат на моментот кога Станковска за прв пат го најавила стартот на оваа телевизија.

Новиот лик на Дневникот остави само позитивни коментари зад себе. Ново лого, нови џинглови, нова шпица, нови ликови и се разбира, ново студио. Македонската телевизија го исполни ветеното!

Откако Станковска и Крстевски потенцираа дека им претставува огромна чест што имаат можност да го презентираат ултра модерното студио на МРТ, презентерското место му беше препуштено на Горан Петрески, новиот уредник на Националниот сервис.

 

 

{gallery}092012/mtv-obnova{/gallery}

фото: Курир

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овие филмови се на репертоарот на Телма од 6. до 13. февруари 2021

ПРОГРАМСКА ШЕМА НА ТЕЛМА ТВ ЗА ПЕРИОДОТ ОД 06.02 2021 – 12.02 2021 САБОТА Телма …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!