Почетна / Спорт / Мартин Стефановски – уште една македонска гордост

Мартин Стефановски – уште една македонска гордост

 

Пливачот Мартин Стефановски е единствениот Македонец што држи национални рекорди во две држави

 

 

Завчера на второто коло централна Србија, Академија Милорад Чавиќ собори апсолутен национален рекорд на 4х50 мешано пливање, во состав на Стефановски, Силаџи, Терзиќ и Лекиќ. Стариот рекорд беше на Партизан 1.50.08, а новиот 1.47.19 на АМЧ.

Со ова пливачот Мартин Стефановски стана единствен Македонец во историјата на Македонија што држи национални рекорди во две држави.

 

 

Стефановски цела сезона плива за АМЧ (Академија Милорад Чавиќ):

– „Со моите тренери Себастијан Хигл и Џеф Наталицио работев повеќе од пола сезона само за да ја вратам мојата форма, која после две години пауза можам да кажам дека се чувствувам спремен, како во старите добри времиња. И фала Богу, немам големи последици од повредите“, вели Мартин.

Оваа сезона Стефановски е фокусиран на Европското Првенство кое ќе се одржи во Берлин од 19 до 24 август оваа година, а неговата главна цел се Олимписките игри во Рио во 2016 година.

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Федерер VS Ѓоковиќ – денеска во 15 часот, финале на „Вимблдон“

Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер по 48-ми пат во меѓусебен дуел, денеска од 15 часот …