Почетна / Телевизија / Македонија влегува во ерата на дигиталната телевизија

Македонија влегува во ерата на дигиталната телевизија

 

Македонија од вечерва на полноќ ќе влезе во ерата на дигиталната телевизија, со сите придобивки што таа ги нуди. Процесот започнува со целосно исклучување на аналогниот ТВ-сигнал, а потоа сите 61 телевизиски станици – национални и регионални,  според однапред одреден план  ќе отпочнат со дигитален пренос на телевизиски содржини, што за половината од нив ќе се врши преку  преку дигиталната платформа на операторот „ОНЕ“, а за втората половина преку кабелските оператори, преку Макс ТВ и Бум ТВ и за МРТВ преку ЈП Македонска радиодифузија.

 

 

Практично, од ноќеска во Република Македонија ќе имаме само дигитален ТВ сигнал, што телевизиите се очекува да го емитуваат најдоцна од утре наутро, а тој дава многу поквалитетни слика и тон и други нови услуги, при што дигитализацијата  овозможува воведување и на 4Г -четврта генерација на широкопојасни мобилни мрежи, со што се обезбедува и голема брзина на интернет пристап.

 

Оние граѓани,  кои досега гледаа телевизија преку кабелските оператори, Боом ТВ и Макс ТВ нема да бидат засегнати со исклучувањето на аналогниот и преминот на дигитален ТВ  сигнал. Оние, пак, кои домашните ТВ канали ги примаат со обична антена, на постар модел на телевизор и кои не се претплатени на услугите на некој кабелски оператор или оператори ќе треба да купат или посебен уред наречен сет топ бокс (се продава во продажната мрежа на „ОНЕ“ за 990 денари или во продавниците на ТВ и аудио опрема, како АМЦ, СЕТ Компјутери, НЕПТУН). За граѓаните  со телевизор, што има вграден дигитален приемник – ДВБ-Т стандард не треба сет топ бокс, но  во двата случаи антена (старата) ќе биде потребна.

 

 

Надоместокот за  радиодифузна такса е независен од процесот на дигитализација и тој и натаму си останува да се плаќа како засебна давачка. Агенцијата за електронски комуникации вчера извести дека граѓаните за сите проблеми, кои можат да се појават во процесот на премин од аналогно во дигитално емитување на телевизиските сигнали можат да се јавуваат на бесплатниот телефонски број 190 во Контакт центарот на АЕК во секој ден, вклучително и во сабота и недела, а и од Советот за радиодифузија посочуваат дека граѓаните можат да им се јават на телефонскиот број  3103-417.

извор: Нова Македонија

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ацо Кабранов: Во Канал 5 примав 60.000 во плико на рака

Доскорешниот уредник на 1ТВ Ацо Кабранов во пост на Фејсбук обзнани дека додека работел во …

error: Содржината е заштитена!