Почетна / Забава / Концертот на Цеца речиси распродаден, се очекува вистински спектакл

Концертот на Цеца речиси распродаден, се очекува вистински спектакл

 

Српската мега-ѕвезда, Светлана Ражњатовиќ – Цеца, Ве кани на својот последен концерт за периодот којшто следува. Веднаш после концертот во Скопје, Цеца се затвора во студио каде ќе почне да работи на својот нов албум. Медиумската изолација ќе и обезбеди време за да може да и се посвети на музиката.

 

 

Освен македонската публика, на концертот во Скопје свое присуство најавуваат и фанови на Цеца од соседна Бугарија како и Србија. Иако Србија веќе неколку пати имаше можност да ужива во концертите на својата миленичка, овој во Македонија со оглед на тоа дека ќе е последен за периодот кој што следува, се покажа како интересен не само за фановите туку и за медиумите во регионот.

Уште малку влезници се наоѓаат на стандардните продажни места во државата. Камарад Рамстор, Розе Веро 2, Купи карти за се… низ локални кафулиња низ држата. За фановите на Цеца од градовите низ Македонија, има организиран превоз. Доколку се одлучите за ВИП доживување на овој концерт, резервации на телефон: 072 68 07 76.

Цеца во Скопје доаѓа ден пред концерт за да може како што сама вели, да ужива во најубавите јадења во регионот.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …