Почетна / Сапуници / Киванч Татлитуг во Езел

Киванч Татлитуг во Езел

 

Случувањата во серијата “Езел” наскоро ќе станат уште подинамични со пристигнувањето на големиот негативец Секиз кој е внук на Рамиз и ќе му предизвика сериозни проблеми на Езел. Овој лик ќе биде одглумен од популарниот турски актер Киванч Татлитуг, за нас познат како Мехмет од серијата “Ѓумуш”. Во продолжение потсетуваме кој беше тој.

 

 

Киванч Татлитуг е роден во Адана, Турција. Тој е еден од четирите деца на неговите родители. Како млад бил пратен во средното приватно училиште Јенис Чаг кадешто тренирал кошарка. По некое време тој се враќа во Истанбул поради болеста на неговиот татко, со намера да дојде и да се грижи за него, а тренингот со кошарката го продолжува во спорткиот клуб Ulkerspor.

 

 

Неговата кариера почнува со тоа што мајка му праќа фотографии од него во модна агенција. Киванч станува успешен манекен и победува на манифестацијата “Model Of The World” во октомври 2001-та година. Оттогаш тој почнува професинално да работи како модел, но исто така и како актер. Неговата најсветла точка во кариерата е улогата на Мехмет во турската серија Ѓумуш.

 

Една година подоцна откако ја завршува улогата во Ѓумуш, тој се појавува во турската мелодрама “Noor” во улогата на Моханад. Магазинот “AlArab Online” објави дека актерот станал најголемиот срцекршач за секоја муслиманска жена. Исто така се појави во неколку телевизиски серии како “Meneskse ile Halil” кадешто ја имаше улогата на Седеф Авчи. Како особено актерско исполнување се смета и неговата улога во серијата “Ask – Memnu”.

 

На манифестацијата “ALtin Kelebek” тој го зема признанието за најдобар актер за улогата која ја имаше во “Ask – Memnu”. Беше во врска со познатата актерка Мелтем Комбул, но раскинаа пред две години во месец авугст. Во светот е познат како турскиот Бред Пит, а одбран е и за најсекси маж во Турција од списанието “Hurryet” во јули пред две години.

 

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!