Почетна / Забава / Каролина стана супербренд!

Каролина стана супербренд!

 

 

Беше првата Македонка која се сликаше за Playboy, но тоа не е причината поради која поп пејачката Каролина Гочева стана првиот супербренд на Македонија. Македонското девојче го доби ова признание и стана првиот и единствен македонски музичар којшто го носи тој епитет до себе. На просторот на Балканот “Адриатик Супербрендс”, до сега ова признание го имаат добиено само Јосипа Лисац и Џибони. Но зошто баш Каролина стана супербренд за 2011-та и 2012-та година?

 

 

Нова етапа во нејзината кариера се случи минатата година кога го издаде најновиот поп албум Капка под небото. Со автори од Бугарија, Русија, Србија, Босна и Македонија албумот доживеа голема слушаност и продажба, излегоа неколку спотови и многу настапи во Македонија. Како и нејзините претходни, така и овој албум беше продаван на просторите на бивша Југославија преку Сити рекордс, а својот триумф го доживеа на спектакуларниот концерт во салата Борис Трајковски каде седум илјади фанови уживаа во музиката на македонската дива. Следеа многу концерти и настапи насекаде низ Балканот, а заедно со нејзините колешки Маја Сар, Александра Радовиќ и Нина Бадриќ учествуваше во хуманитарната кампања за заштита од рак на матката. Кон крајот на 2011-та година, Каролина се закити и со признанието македонската Адел, кога на еден настап во Хрватска ја воодушеви публиката со песната „Rolling in the deep“. И Златна Буба Мара на популарноста ги призна нејзините успеси, прогласувајќи ја за најпопуларна пејачка со најдобар албум за минатата година. Она што во последниов период се врти по радиостаниците се нејзините изведби на песните “The whole new world” и “I will always love you”. Исто е интересно дека овој период Каролина добила обвинување па извинување за стајлингот (крзното) кое го имала на Бубамарата и тоа од страна на Здружението за заштита на животните.

 

За оваа година, најавен е и нов албум, најверојатно продолжение на етно мелодиите од “Македонското девојче”. Дали тоа значи дека за следен поп албум ќе треба да почекаме неколку години?

 

 

 

Beauty | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Младите бунтовници се враќаат после 16 години

Сензацијата Еревеј или попознати како „Млади бунтовници“, музичка група родена од популарната серија, после 16 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!