Почетна / Забава / Евровизија / Калиопи не успеа да се пласира во финалето на Евровизија

Калиопи не успеа да се пласира во финалето на Евровизија

 

И оваа година, Македонија без влез во финале на Евровизија

 

Моќната интерпретација на “Дона”, драматичните светлосни ефекти на сцената и присуството на елегантната Калиопи на сцената не беа доволни за оваа година Македонија да се пласира во финалето на големиот музички натпревар “Евровизија”.

 

 

Калиопи досега имала неколку обиди да настапи на Евровизија. Оној во 1996 година и во 2009 година, кога заврши втора на Скопскиот фестивал. Во 2012 година, МТВ интерно ја одбра македонската дива да ја претставува нашата земја и тогаш со “Црно и бело”, Македонија влезе во финалето. И оваа година со истиот музички тим и на ист начин одбрана од Македонската телевизија, Калиопи повторно се појави на евровизиската сцена.

 

Од вкупно 18 земји, Македонија не успеа да се пласира во првите десет кои добиваат влезница за финале. Од соседните земји, во финалето ќе се најдат Србија, Хрватска и Бугарија. Оваа година, Грција, Албанија и Босна не се дел од големото финале кое ќе се одржи во сабота во Глоуб арената во Стокхолм, со почеток во 21 часот.

Во продолжение погледнете го настапот на нашата Калиопи :

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради нашето неучество, наши автори и на српскиот избор за Евровизија

Поради откажувањето две години по ред на МРТ од Евровизија нашите композитори својата среќа ја …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!