Почетна / Телевизија / И ќерката на малечката невеста ќе стане малечка невеста

И ќерката на малечката невеста ќе стане малечка невеста

 

И ќеркатата на Ананди станува малечка невеста

 

Индиската серија “Малечката невеста” влегува во нова етапа и нови заплети во дејството. Имено серијата во Индија се емитува веќе седма година, а во нашата земја пет години. Серијата во почетокот на емитувањето бележеше голема гледаност во Македонија за потоа да премине во попладневни термини и од пред некоја недела се емитува наутро, по 10 часот.

 

 

Луѓето често знаат да се пошегуваат дека и нивните внуци и правнуци ќе ја дочекаат малечката невеста на телевизија, но како што тргнало, ништо чудно и навистина да се случи тоа.

Имено, во следните епизоди во Индија, дејството се враќа онаму каде што и почна. Главната хероина Ананди добива ќерка, Нандини која уште како бебе ќе биде киднапирана и осудена на истата судбина како и мајката. Уште како бебе ја свршуваат и така малата Нандини станува новата малечка невеста.

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …