Почетна / Забава / Запознајте ја султанката Михримах

Запознајте ја султанката Михримах

 

Актерката Пелин Карахан Бекироглу којашто има 28 години стана вистинска ѕвезда благодарение на улогата на султанката Михримах во серијата „Величествениот“. Актерката, која не посетувала никакви часови по глума, за улогата на принцезата Михримах во третата сезона се борела со Мис Универзум Турција 2010. година, но продуцентите сепак се одлучија за Пелин која ја нарекуват турската Кејти Холмс. И додека Михримах во историјата имала големо влијание врз султанот и секогаш била приврзана за него, таткото на Пелин ја напуштил уште кога имала само осум месеци. Таткото, кој по професија е фризер, од актерката никогаш не му било простено. До шестата година понекогаш го гледала, а потоа само еднаш кога имала 17 години и тоа поради молбата на нејзината мајка.

 

 

На 13 години од родната Анкара се сели во Измир заедно со својата мајка, која повторно се мажи и раѓа уште едно девојче. Пелин е дипломиран туристички водич, а по завршувањето на факултетот била ангажирана за снимање на реклама за плински бојлери, по што следувала главна улога во тинејџерска турска серија – римејк на „Dawson Greek“.

„Како малечка сонував да се омажам и да отворам свој ресторан. Никогаш не помислував дека ќе стана актерка“, изјавува Пелин која пред година ипол го оствари својот сон.

 

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!