Почетна / МК Сцена / Жешко лето за македонското девојче

Жешко лето за македонското девојче

 

Проектот „Македонско девојче 2“ кое забележа неверојатна попуарност продолжува со промоции низ повеќе македонски градови.

 

 

По рекордните шест концерти одржани оваа зима, Каролина и нејзиниот тим не запираат. Најновиот албум “Македонско девојче 2” кое постигна неверојатна слушаност и интерес кај сите генерации продолжува со концертни промоции цело лето. Првиот од низата концерти ќе се одржи овој петок (27 јуни) во Касапски круг во Куманово за кој влезници може да се купат на сите продажни места во Куманово. Кон крајот на јули, Каролина ќе биде во центарот на случувањата и во летните сезони на Охрид и Битола. Во античкиот театар Хераклеа во Битола, Каролина ќе одржи два концерти – на 24. и 26.  јули, а настапот во античкиот театар во Охрид ќе биде на 25. јули. Влезниците за трите концерти, се веќе во продажба, преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“ како и онлајн.

Концертите во Скопје беа детално пропратени од тимот на ТВ Пакет, па затоа ви ветуваме дека на ист начин ќе се осврнеме и на претстојните концерти. Квалитетот на албумот не го докажа само публиката пристуна на шестте скопски концерти, туку за прв пат во Македонија, низа музички критичари и новинари дадоа своевидно мислење и пофалби за еден ваков револуционерен проект. По публиката и критиката, на ред дојдоа и колегите и естрадните јавни личности кои задоволството го искажаа и со присуство на концертите но и со јавни пофалби. За албумот, авторот Никола Мицевски кажа:

– Овој албум е најзрелото нешто што сум го направил до сега. Доаѓа како плод на долгогодишна работа, проучување, анализа на македонската музика и други стилови. Го чекав моментот, и го дочекав, за да се изразам поинаку од она што било вообичаено до сега за мене. Албумот „Македонско девојче 2“ е симбиоза на духот на староградската песна, фолклорот, чалгијата, традицијата, со доза на џез, блуз, па на моменти и балкански призвук и карактер.

Убедливо “Две лири” стана најголемиот хит од албумот, воопшто може да се каже и најголемиот хит на Каролина Гочева, песна која задолжително се пее на свадби, приредби и прослави и која стана најкористена кај детските и училишните хорови. 

 

 

Пред престојните концерти, Гочева дел од времето го помина и во родната Битола, имаше специјално гостување на концертот на Влатко Стефановски во март, a на 9 јуни беше дел од концертот на контроверзната тинејџерска ѕвезда Мајли Сајрус во Милано, каде имаше чест да ја сретне уникатната Ана Дело Русо – уредничка на јапонскиот Вог и една од најстилските жени во светот. 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Ремек дело – Андријана Јаневска со балада за починатата мајка

Објавена кон крајот на декември, но почекавме малку за да ги собереме емоциите и да …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!