Почетна / Забава / Евровизија / Евровизиски контроверзии ја тресат и Србија

Евровизиски контроверзии ја тресат и Србија

 

Голема прашина се крена околу годинешните евровизиски претставници и во Србија. Триото Моје три составено од Невена, Мирна и Сара, го следат бројни контроверзии. Се шпекулираше дека гласањето било наместено и оти однапред се знаело кој ќе победи. Најгласна беше Маја Николиќ, која дури изјави: „Ова им го велам на младите луѓе кои сакаат да се занимаваат со музика – немојте да почнувате да се бавите со музика ако немате доволно пари или ако не сте барем приглупи да спиете со некој којшто би ви ја платил победата на фестивалот“.

Незадоволството го изразија и други српски пејачи кои тврдат дека српскиот поп е на работ на пропаст. Фестивалот, познатите пејачи го нарекоа циркус.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега 15 европски земји го потврдија учеството на Евровизија 2026

Неполн месец по победата на JJ со Waisted love, Австрија по трет пат ќе биде …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!