Почетна / Серии / Договорени бракови и кај индиските актери

Договорени бракови и кај индиските актери

 

 

За сите гледачи на индиските серии, одвојуваме простор за да презентираме некои интересни информации за индиските актери и актерки, кои ги гледате секојдневно во индиските сапуници.

 

За сите гледачи на индиските серии, одвојуваме простор за да презентираме некои интересни информации за индиските актери и актерки, кои ги гледате секојдневно во индиските сапуници.

Патриша Банерџи, позната како Ананди од “Малечката неевста”, стана заштитно лице на брендот накити „Zaveri & Co“. Индијките се познати по прекрасната традиционална облека, накит и шминка, а популарната Патриша на најдобар начин ја допре магијата на ориентот, носејќи драгоцени огрлици, белезици и други украси, начесто изработени од најфините дијаманти од оваа компанија. Откако Патриша го напушти сетот на „Малечката невеста“, учествуваше во реалното шоу „Big Boss“ а после тоа следуваше и понуда да стане заштитно лице на „Zaveri & Cо“.

 

 

Нејзините партнери во серијата, Џагдиш и Шив на различен начин ја користат популарноста. Шашанк Вијас (Џагдиш) вели: „Јас не сум тип на мажи по кој лудуваат девојките. Тие сакаат мачо мажи како Сидарт (Шив), Ван Дам, Сталоне и др, а јас никако не сум акционен херој. Повлечен сум, скромен и сакам самотија. Се надевам дека судбината ќе ми јас доведе девојката од моите соништа“, но тој додава дека не е љубоморен на неговиот колега од Сидарт Шукла (Шив) кој што има премного обожователки.

– „Сето ова го правиме заради фановите. Целиот живот сонував и фантазирав дека делам автограми и дека сум ѕвезда. Денес кога група на деца, буквално се јавнаа на мојот автомобил на улицата, кога застанав на црвено светло на семафорот во Мумбај, уживав во нивната љубов и радост. Често им делам слатки и бомбони, кои ги носам секогаш со мене, специјално за вакви пригоди.“

Сушант Раџпут (првиот Манав) и Анкита Локанде (Арчана) од “Огнови на љубовта” се верени еден за друг, а индиските табоиди веќе зборуваат дека и тајно се венчале. Но онаа која навистина се омажи е Дипика Син, позната како хероината Сандја од најгледаната серија во Индија, “Светлина”. Таа во петокот се омажи за директорот на серијата. На свадбената церемонија не беше присутен само Анас Рашит (Сураџ) кој според гласините е во студена војна со директорот на серијата.

 

 

Атрактивниот индиски глумец Мрунал Џејн кој го освои Боливуд со улогата на Хитен во “Бандини”, се ожени со сопруга избрана од неговите родители. Неговиот брак уште од мали нозе бил договорен со модната дизајнерка Сантош. Младиот глумец не крие дека живее во договорен брак во кој гласините велат дека не ужива, а својата одлука да се ожени со девојката која ја видел прв пат пред неговата венчавка, ја оправдува со тоа што тој неизмерно го почитува своите родители. Боливудскиот убавец наскоро ќе се појави и во епизодите на “Отфрлена”.

 

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Повторно започнаа со снимање македонски народни приказни

Во селото Извор, Велешко во општина Чашка започна да се снима новата сезона на Македонски …

error: Содржината е заштитена!