Почетна / Телевизија / „ДНК Анализа“ репризно на програмата на Алфа

„ДНК Анализа“ репризно на програмата на Алфа

 

Од оваа недела во термините од 17:35 часот и 21:10 часот се емитува српската играно-документарна серија „ДНК Анализа“. Оваа емисија веќе беше емитувана минатото лето, но во соопштението што ни беше испратено, Алфа вели дека овие репризни емитувања на српските емисии се должат на тоа што премиерните емисии се емитуваа во лето кога повеќето луѓе се на одмори.

„ДНК Анализа“ е документаристички пристап на авторите кои врз основа на раскажувањата и озборувањата за семејните врски на познати и обични личности, тргнуваат во потрага по вистината. Клучот за разрешување на мистериите и тајните на авторите на оваа емисија е ДНК анализата која не остава никакви сомневања. Барем така вели науката. Но, се разбира, понекогаш е тешко на вистината да и се погледне во очи.

 

 

Освен „ДНК Анализа“, на програмата на Алфа репризно се емитува и српската емисија „Семејни тајни“ од понеделник до петок во 12:45 часот, а наскоро се очекуваат и нови епизоди на истата.
 
Но она што ги интересира нашите читатели и за што постојано прашуваат е дали на Алфа телевизија ќе се емитуваат мексиканските серии „La Tempestad“ и „Corazón indomable“.

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисни совети и искуства во семејниот магазин „Моето дете“ на ТВ 24

Забавно – едукативна емисија која е наменета за деца и родители, а во рамки на …