Почетна / Забава / Денис Мурат со спот за Сонувам!

Денис Мурат со спот за Сонувам!

Охриѓанецот Денис Мурат го промовираше својот нов видео запис. Станува збор за вториот сингл на Денис, кој е насловен Сонувам. Песната е композиција на Нино Васков, кој се погрижи за музиката и аранжманот, додека текстот е на Сања Николиќ. Пратечките вокали во песната ги отпеа финалистката на Македоснкиот идол, Билјана Ѓошева.

 

 

Во сцените од видео записот настапува Гоце Мојсоски кој беше во Топ 20 на интернационалниот избор за машка убавина годинава. Мојсоски толкува улога на ултра богат бизнисмен кој во стилот на Моамер Ел Гадафи, е обезбедуван од телохранителки. Спотот изобилува со скапи возила, луксузни вили, богати елементи кои треба да направат комплетна слика за улогата која Гоце ја игра во спотот. Видео записот повторно е во продукција охридската продуцентска куќа Sustain Entertainment, а режијата е на Даниел Јовески.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Скопскиот џез фестивал од 14-ти до 17-ти октомври на МРТ 3

Од 14ти до 17ти октомври ќе се одржи Скопскиот џез фестивал. Покрај квалитетната музика, главниот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!