Почетна / МК Сцена / Виктор со видео запис за песната „Ти и јас”

Виктор со видео запис за песната „Ти и јас”

 

„Ти и јас“, најновата песна на Виктор Апостоловски доби видео запис и веќе од денес може да се погледне на неговиот официјален youtube канал. Љубов и другарство, дружење и љубовни игри се темата на приказната што ја следи динамичната мелодија на песната.

„Во видео записот опишана е една интересна љубовна приказна и заплетот што се појавува кога емоциите се присутни. Снимањето на спотот беше забавно искуство но во исто време и напорно, затоа што посветено работевме на кореографијата заедно со десетте танчери од Beatrix Crew, со цел финалниот изглед на спотот да ги задоволи и исполни барањата на публиката и фановите”, вели Виктор.

 

 

Спотот за песната „Ти и јас“ е поддржан од компанијата Дурекс, чијшто амбасадор за Македонија од неодамна е прогласен токму Виктор. Како официјално лице на брендот Durex за 2014 година Виктор ја поддржува кампањата за превенција кај младите за заштита од ХИВ/СИДА и сексуално преносливи инфекции. Видео записот се снимаше на две локации, во трговскиот центар Capitol Mall и во хотелот Stone Bridge, а за изгледот на Виктор се погрижил брендот Collezione. Снимањето и постпродукцијата за видео записот го направи Продукција Тривиа.

„Следната моја песна ќе биде на англиски јазик, секако ќе има видео запис, повторно со интересен ритам и мелодија, и се надевам дека ќе биде вистински летен хит. Можам само да откријам дека ја подготвуваме во динамичен, диско стил и ќе ме претстави во поинакво издание од она што до сега сте навикнати да го гледате“, додаде Виктор. Виктор, во овој период го привршува својот прв албум.

 

 

{gallery}022014/viktor5{/gallery}

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пејачката Симона Поповска со музичка порака „За нова година“

Таа е една од најдобрите женски вокали кај нас, повторно актуелна со нови синглови. После …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!