Почетна / Телевизија / Видео | Мишо го откри сексапилот на Сара Мејс

Видео | Мишо го откри сексапилот на Сара Мејс

 

Танчарот Мишо Спасовски преку танцот квик степ ни го откри сиот сексапил на атрактивната пејачка Сара Мејс

 

 

Со одличен танц Сара и Мишо оправдано се искачија на првото место со освоени 17 поени. Погледнете го видеото со нивниот танц во кој ќе ја погледнете пејачката Сара Мејс во едно сосема поинакво секси издание.

Веќе неколку месеци активно вежбаат за втората сезона на „Танц со ѕвездите“, какво мислење има Мишо Спасовски за Сара Мејс?

„За Сара има многу да се збори, да ви кажам искрено не знам ни од каде да почнам. Пред се таа е голем професионалец и сака секогаш работите да ги прави до крај исправно и без грешка, без разлика дали станува збор за танцување или пак пеење или пливање, буквално за се. Исто така позитивна работа кај Сара е што навистина брзо учи, зборам за танцот, бидејќи за тоа сум и танцов инструктор и стварно би ја пофалил на тоа поле дека брзо учи и покрај тоа што брзо учи и многу вежба. За да го постигне врвот на тоа што и е пренесено, значи да ги научи и сите детали и ситници и да ги изигра“, изјави танчарот Мишо Спасовски.

Мишо ја пофали Сара Мејс, но што го нервира кај неа?!

„Искрено ништо не ме нервира кај неа освен што некогаш знае да претера со многу вежбање и на моменти да биде панична, а со тоа и мене ме паничи, но дури и тогаш ми е интересна и мила. Морам да кажам дека сум среќен што ми се падна Сара за моја партнерка. Ви благодарам многу за поддршката!“, вели танчарот Мишо Спасовски за пејачката Сара Мејс.

 

 

{gallery}022014/tanc-sexy{/gallery}

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Додека другите тв емитуваат премиери, Алфа репризира за викенд

Додека најголемите приватни ТВ куќи како Сител, Канал 5, Алсат и Телма емитуваат премиерни содржини …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!