Почетна / Телевизија / Српската емисија „Пеколна кујна“ од понеделник на Алфа

Српската емисија „Пеколна кујна“ од понеделник на Алфа

 

Нема крај на српските емисии на Алфа

 

 

Ако до пред некое време можеа да се видат бразилски, мексикански, хрватски, американски серии на Алфа, во моментов може да се види во најголем дел, српска програма. Од понеделник во 20 часот започнува новата српска емисија “Пеколна кујна”.

Кулинарското ТВ шоу „Пеколна кујна“ ќе пружи единствен поглед во професионалното и најквалитетно готвење и послужување на врвната ресторанска храна. Водителите на ова шоу ги знаат ги знаат најголемите тајни на кулинарството и на совршените ресторани и ресторанска услуга.
 
Целта на ова реалити шоу е да се избере некој ресторан и да се преуреди „од глава до петици“. Водителите ги анализираат сите постоечки маани на локалот, ги утврдуваат причините: Непрофесионалноста на готвачите, нељубезноста на келнерите, лошата декорација и амбиент на ретсоранот, слабата промоција…
 
 
 
 
Кога тие ќе влезат во ресторанот, никој не ги сака. Тие се груби, ја кажуваат вистината без влакна на јазикот, укажуваат на сите маани… Тие прават вистински пекол за мрзливите и некреативни работници во рестораните.
 
Зад кулисите на рестораните ќе се случат вртоглави промени и после пеколната ревизија што ќе ја направат водителите на шоуто, тие ресторани стануваат најбараните места за добра храна и услуга.
 
Оригиналниот формат на „Пеколна кујна“ во текот на 5 сеозни ги освојуваше највисоките БАФТА и ЕМИ награди во Велика Британија и САД. “Пеколна кујна” е српска верзија на светската верзија “Hell’s kitchen”.
 
 
 
 
 
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Патуваме сонуваме“ со Аурора секој викенд на ТВ 24

Нова сезона на “Патуваме сонуваме” со Аурора Турс на ТВ 24. Патуваме, сонуваме со Аурора …