Почетна / Телевизија / Бранка Станковска се враќа на вести

Бранка Станковска се враќа на вести

Бранка Станковска се враќа на вести

 

фото: В. Тануровски

После толку прашања околу долгоочекуваниот нов визуелен идентитет на Дневникот на МТВ, гледачите конечно добија одговор од кој пријатно се изненадија.

Имено, како што пишува „Вест“, оваа сабота (22.09) ќе биде презентиран новиот изглед на Дневникот и тоа на спектакуларен начин. Како специјални гости се најавуваат легендарната спикерка Бранка Станковска и легендарниот глас на Благоја Крстевски од Радио Скопје, стои во текстот на „Вест“. Бранка Станковска се враќа на телевизиските екрани по 25 години од нејзиното пензионирање. По нивниот специјален гостински ангажман, во новото студио на МТВ, кое Станковска го опишува како „феноменално“, ќе се појават новите лица на МТВ, Горан Петрески и Билјана Трендафилова. Станковска е на 81-годишна возраст и се присеќава дека таа ја отворила телевизиската програма на ТВ Скопје во 1965-та година.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ацо Кабранов: Во Канал 5 примав 60.000 во плико на рака

Доскорешниот уредник на 1ТВ Ацо Кабранов во пост на Фејсбук обзнани дека додека работел во …

error: Содржината е заштитена!