Почетна / Забава / Борис Цветановски – промоција на две музички задоволства во едно

Борис Цветановски – промоција на две музички задоволства во едно

 

Вчеравечер во пивницата Стар град се случи промоција на првиот албум на младиот рокер Борис Цветановски. Со многу пиво, насмевки и искрени честитки неговите најблиски пријатели и соработници го славеа почетокот на нешто убаво, нешто што е наречено „Дождлив ден“.

 

 

Сите песни од албумот беа изведени во живо со бенд, а присутните веќе имаа свои фаворити. Секоја песна беше најавена со посебна и топла приказна, а исти такви беа и импресиите на присутните.

 

 

Временските услови на денот на промоцијата му беа прилично наклонети на пејачот, но гостите сепак добија интересен подарок, спомен или симбол, односно чадор на кој беше испишан текстот на насловната песна на албумот, чиј видео запис беше промовиран истата вечер – под режисерската палка на Томе Влашески – Куба во продукција на Кактус.

 

 

„Дождлив ден“, „Чај од очај“, „Утра мамурни“, „Изгаси ме“, „Вози, вози ме“, „Капка по капка“, „Лица две“ и „Сини очи“ се насловите на осумте композиции, секој нареден наслов како да е инспириран од претходниот. На повидок е уште еден женски срцекршач на македонската музичка сцена!

 

 

 

 

Фото: Томе Влашевски – Куба

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Македонските танчери се светски шампиони во латино шоу

Танчерите од Eat The Beat од Скопје, остварија неверојатен резултат на Светското Првенство во Латино …

error: Содржината е заштитена!