Почетна / Телевизија / Благодариме за довербата!

Благодариме за довербата!

Чуда не се случуваат само во црквата Св. Димитрија, чуда се случуваат и со ТВ Пакет. Имено, некаде околу средината на месец март нашата популарност почна рапидно да расте, а зголемувањето на бројката на посетители кои секојдневно не читаат никако да престане да се случува. Последниот рекорд што го постигнавме брои над 11.000 уникатни посети, доказ за тоа е моменталното место (71) што си го обезбедивме на alexa.com и заинтересираноста на фирмите да се рекламираат кај нас. Горди не прави и фактот што одредени новинари буквално спијат на ТВ Пакет и со душа го чекаат нашиот следен наслов за и тие да го пренесат кај нив. Кога некој те копира, тоа значи дека вредиш и оти тој некој сака да биде како тебе.

Од денот кога го постигнавме рекордот, таа голема бројка на луѓе е секојдневно со нас, секојдневно не дружи и ни ја дава поддршката со својата присутност. Ние од ТВ Пакет сме горди што со својата оригиналност, единственост и уникатност привлековме толкава бројка на луѓе, бидејќи во Македонија ретко се цени тоа.

 

 

 

 

| Тимот на ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ со осуда за заканите упатени кон новинарите на Клан

Во врска со заканите коишто вчера беа упатени кон новинарската екипа на ТВ Клан во …

error: Содржината е заштитена!