Почетна / Телевизија / Адам се соблече и влезе во полуфиналето на „Пинк ѕвезди“

Адам се соблече и влезе во полуфиналето на „Пинк ѕвезди“

 

Мите и Адам се пласираа во полуфиналето на “Ѕвездите на Пинк”

 

 

Во финалните емисии на “Ѕвездите на Пинк”, Македонија има двајца учесника кои ќе треба да се изборат за висок пласман и да ја продолжат низата на победници и суперфиналисти на Македонците во српските талент шоу програми.

Адам Лабунски е 24 годишниот Скопјанец, кој се пласираше во полуфиналето со песна од српскиот срцекршач Адил.

 

 

– Mожеби сме те слушале во подобри изданија, но ова вечерва е сосема доволно за поминување во полуфинале. Динамиката ти беше фантастична – беше коментарот на Бора Чорба. Со него се согласи и Харис Џиновиќ, кој сметаше дека ова не е воопшто најдобриот настап на нашиот учесник.

За Цеца, Адам беше несигурен во строфите, а подобар во рефрените. “Секогаш си скоцкан, гледам дека водиш грижа за изгледот. И вокално и стилски си впечатлив и тоа ти дава предност во оваа професија, ти си еден од моите миленици.” – додаде фолк дивата, по што го натераа Адам да покаже каква тетоважа крие под кошулата.

 

 

Мите Стоилков, или попознат како братучедот на ланската ѕвездичка Трајче, ја отпеа “Молитва за Магдалена” од Оливер Драгојевиќ со што заслужи и пофалби но и критики од страна на жирито.

– Оваа интерпретација беше малку под твојот просек – искоментира Туцаковиќ, а кон нејзиниот став се соглаисја сите.

– Долните тонови беа многу несигурни, со многу вибрато, тоа не си ти – додаде Џиновиќ, но на крајот на краиштата, го испратија Мите во полуфинале.

 

 

Дали Мите и Адам подобро ќе се снајдат во полуфиналето, останува да видиме следната сабота на Сител телевизија во живо, кога и ТВ публиката за прв пат оваа сезона ќе има можност да гласа и да ја одбере следната Пинкова ѕвезда.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …

error: Содржината е заштитена!