Почетна / Сапуници / Ѕвездата од сериите – турскиот Бред Пит ќе стане татко

Ѕвездата од сериите – турскиот Бред Пит ќе стане татко

Турскиот Бред Пит, Киванч Татлитуѓ и неговата сопруга Башак Дизер го очекуваат своето прво дете!

Радосната вест дека Дизер е во третиот месец од бременоста ја соопшти парот, кој судбоносното „да“ го кажа во 2016 година.

 

Киванч Татлитуѓ и Башак Дизер, кои веќе извесно време живеат во Мардин, важат за еден од најпримерните парови во светот на таблоидите. Веста за очекувањето нивното прво дете ја соопштија на почетокот на декември кога дознаа дека 44-годишната Дизер е во третиот месец од бременоста. Полот на бебето сеуште не е познат.

Се претпоставуваше дека Башак Дизер била бремена минатиот јуни. Дизер го негираше тврдењето за бременост одговарајќи на објава на Инстаграм каде пријателка и честиташе. Башак Дизер Татлитуѓ, која испрати приватна порака до својата пријателка, рече: „Не сум бремена. Тоа е погрешна вест што редовно се објавува секоја година“, рече таа.

Татлитуѓ и неговата избраничка се пар кои секогаш претпочитаат да ја чуваат својата љубов подалеку од очите на јавноста, но тие не ја негираат својата среќа и спокојна семејна идила.

Јас не сум личност која сака јавно да го споделува мојот приватен живот. Башак исто така.“, вели Киванч во интервју за турски таблоид.

„Забавување, добро поминато време, споделување радост, ентузијазам и секако тага заедно; заедно се смееме, патуваме, поминуваме квалитетно време; меѓусебно се надополнуваме и негуваме. Секогаш има љубов во тоа што го кажувам. Љубовните врски обично започнуваат со љубов и почит, но ова мора секогаш да продолжи или магијата ќе биде прекината.“, продолжува тој.

Киванч Татлитуѓ е дел од многу познати турски хит серии. Неговите улоги секогаш се пример за како брзо се руши рекорд во гледаност и како добро се изнесува карактер со кој сите гледачи можат да се поистоветат.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брачни игри | Ве запознаваме со Серген од новата хит серија

Серген Гунај е успешен бранител. Тој е добар татко, особено е приврзан за своите деца. …

error: Содржината е заштитена!