Почетна / Сапуници / Викенд лето на Сител со италијанската романса „Нашата љубов“

Викенд лето на Сител со италијанската романса „Нашата љубов“

По “Фамилија” и “Големото семејство”, уште една италијанска серија на Сител за викенд утрата. Секоја сабота и недела во 11 часот претпладне, ја следиме “Нашата љубов”.

Семејството Коста го сочинуваат таткото Виторио, мајката Ана и нивните три ќерки, осумнаесетгодишната Бенедета, десетгодишната Марина и шестгодишната мала Клара. Тие се принудени да го напуштат селото во кое живеат откако се избркани од сопственикот, кој открил дека Ана и Виторио не се во брак.

Виторио всушност на многу млада возраст се оженил со Фраческа, но таа го оставила и оттогаш Виторио не може да добие поништување на бракот. Сега, Виторио и Ана се преселуваат во Торино, родниот град на Ана, мислејќи дека во големиот град ќе биде полесно да останат незабележани. Во новото место, Ана започнува да предава како наставничка, а Виторио влегува од проблем во проблем со секоја нова работа што ја наоѓа.


Во новото соседство живее и семејството Страно, со сицилијанско потекло, кое го сочинуваат Салваторе и Тереза, дваесетгодишниот Бернардо, близнаците Доменико и Фортунато и малиот Чичо. Тие исто така не се многу популарни во соседството поради фактот што се јужњаци.


Тоа што ги спојува семејствата е неочекуваната романса меѓу Бенедета, ќерката на Виторио и Бернардо, синот на соседите, но работите вистински ќе се комплицираат кога се појавува Франческа, првата жена на Виторио.

Нејзиното појавување ќе ја разниша врската на Ана и Виторио, но и ќе влее надеж дека конечно Виторио ќе може да се разведе и да се ожени со саканата Ана.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брачни игри | Ве запознаваме со Серген од новата хит серија

Серген Гунај е успешен бранител. Тој е добар татко, особено е приврзан за своите деца. …

error: Содржината е заштитена!