Почетна / МК Сцена / Видео | Супербрендот Каролина со нова, досега најмоќна балада

Видео | Супербрендот Каролина со нова, досега најмоќна балада

Балканот повторно на колена. Најголемата македонска ултра ѕвезда Каролина ја промовираше песната ,,Дај на сунце’’, проследена со видео спот, а наменета за целиот регионален пазар.

Позади песната стои Дино Мухаремовиќ, автор на неколку легендарни песни, како ,,Додирни ме случајно” од Масимо Савиќ, додека аранжманот е на Дино Шукало, гитарист во бендот на Дино Мерлин и познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор.

Песната е снимена во Сараево, во неговото студио Модра Ријека во месец октомври, а видео спотот е дело на Миомир Милиќ.

Публиката која веќе ја слушна моќната балада која предизвикува ежење од прв до последен тон, со гордост и задоволство кажува дека ова е уште едно ремек дело на супербрендот кое доловува невидена емоција токму благодарение на вонвременскиот глас на Каролина и автентичниот начин на нејзина интерпретација.

Во овие зимски тмурни денови, слушајте ја Дај на сунца и уживајте во најдоброто од Македонија. Сега и засекогаш – величествената Каролина Гочева!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!